Спирулината препорачана од NASA

 

Спирулината како хранлива алга долги години се наоѓа во центарот на интересирања на NASA. Зошто е толку хранлива? Што добиваат астронаутите ако ја користат спирулината? Што е она што ја привлече NASA да ја етикетира спирулината како суперхрана?

По долги истражувања се докажа дека 1 килограм Спирулина има ист состав хранливи материи како 1.000 килограми зеленчук. Таа има многу хранливи материи и е голем помошник за покачување на енергијата, детоксификација и подобрување на дигестивниот систем.

Пред повеќе од 5 века зелено сината алга ги освоила Ацтеките со својата моќност и сила. Денес, повеќе од неколку милиони луѓе на светот ја користат спирулината како додаток во исхраната. Освен NASA, под закрила ја чуваат и Обединетите Нации и Светската Здравствена Организација.

Пред повеќе од 5 века зелено сината алга ги освоила Ацтеките со својата моќност и сила. Денес, повеќе од неколку милиони луѓе на светот ја користат спирулината како додаток во исхраната. Освен NASA, под закрила ја чуваат и Обединетите Нации и Светската Здравствена Организација.

Има 20 пати повеќе целосни протеини од сојата и 200 пати повеќе аминокиселини. Содржи 8 есенцијални и 10 неесенцијални аминокиселини. Богата е со природни ензими. Изобилува со хлорофил. Богата е со минерали меѓу кои магнезиум, калиум, калциум, фосфор. Има огромна количина витамини како Б комплекс, А, Ц, Д, Е, К. Содржи каротеноиди како алга и бета каротен. Содржи фитонутриенти, ксантофил, крипринксантин, ехиненон, заексантин и лутеин.

Пигментот кој ја дава зелената боја на спирулината е наречен хлорофил и е одличен антиоксидант, додека сината боја ја добива од пигментот наречен фикоцијанин поврзан со билирубин – пигмент кој ја одржува здравата функција на црниот дроб.

Во 2008 година, научно истражување издадено од медицинско списание чија цел била да се истражи способноста на спирулината за влијаење врз имунолошкиот систем. Истражувачите откриле дека спирулината значително ја ограничува хуморалната имунолошка реакција и алфа факторот на туморната некроза.

 

Слични статии