Спирулина најбогат извор на биоразградливо железо

 

Спирулината е храна која содржи железо неколку пати повеќе од било која храна на планетава. Типичните додатоци за исхрана кои содржат железо организмот тешко ги апсорбира.

Железото од спирулината , организмот два пати повеќе го абсорбира од формата на железо што се наоѓа во зеленчуците и месото.

Железото е од есенцијално значење за добро здравје. Железото е составен дел на хемоглибинот и миоглобинот црвени пигменти кои се одговорни за пренос на кислород во организмот. Исто така е составен дел од ензими кои ствараат енергија за организмот . Железото е потребно за создавање на здрави црвени крвни зрнца и зајакнување на имунитетот.

Недостаток на железо најчесто се јавува кај жените, мали деца и постари лица. Недостатокот може да доведе до анемија, намалување на нивото на хемоглобин во крвта. Тогаш мускулите и ткивата се осиромашени со кислород и се чувствуваме уморно и летаргично.

Жените кои се на диета не внесуваат доволно железо. Голем процент од жените при менструација губат повеќе железо отколку што го внесуваат со храната.

Железото им е потребно на децата кои растат бидејќи брзо им се зголемува и колчеството на крвта, недостатокот на железо кај децата може да ги успори моторни функции (нормалната активност и движење) или менталната функција (нормално размислување и расудување).

Недостаток на железо се јавува кај трудници , професионални спортисти, луѓе кои имаат хемороиди и чиреви.

 

Слични статии