Убавина одвнатре и однадвор

 

Спирулината ги содржи вистинските минерали и витамини кои одржуваат оптимална состојба на вашата кожа,коса и нокти.

Спирулината помага за прочистување на крвта, што е добро за здрава, нежна и убава кожа. Сува коса без сјај, кршливи нокти се резултат на лоша исхрана. После 2-3 недели користење спирулина вашата коса ќе стане посјајна и погуста, ноктите помалку кршливи и појаки.

Спирулина е богата со Бетакаротен, Хлорофил и ГЛА.

Бетакротенот ја штити вашата кожа и и дава еластичност. Моќен антиоксидант кој го успорува стареењето на кожата. Исто така, помага за подобар тен при сончање. Хлорофилот ја прочистува крвта и е добар против воспаление на кожата. Гама Линолеинска Киселина (ГЛА) ја штити кожата од УВ зрачење, дехидратација и ја активира циркулацијата на крвта во кожата.

Третман за лице со Спирулина. Здробете 8-10 таблети Спирулина и помешајте ги со јогурт или Вашата омилена маска. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да стои 20 минути. Исплакнете го лицето со млака вода. Третманот дејствува на три начини: ја прочистува, ја опушта и ја храни кожата.

Спирулина против акни. Ако Вашиот метаболизам не функционира правилно, внатрешното прочистување исто така не фунционира како што треба. Како резултат на тоа телото ги исфрла токсините преку кожата при што доаѓа до појавување на акни и разни проблеми со кожата. Спирулина го прочистува организмот и телото, и го подобрува метаболизмот, со што појавата на акни и пролеми со кожата се намалуваат.

Спирулината е 100% природна, без конзерванси, лесно сварлива, погодна за употреба за сите возрасти и е извонредна замена за вештачки произведените козметички производи. Спирулината е најкомплетна и најмоќна храна на светот. Таа е богат извор на хранливи состојки со концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човечкиот организам. Го зајакнува имунитетот, храни, прочистува, обновува, подмладува и штити од болести.

 

 

Слични статии